За Роналдо и за Меси можете да направите посебна „Златна топка“

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос предложи воведување посебна „Златна топка“ само за напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо и напаѓачот на Барселона, Лионел Меси.

-Може да се направи „Златна топка“ одделно за да им се додели на Кристијано и Меси, во зависност од нивните резултати. И дајте друга „Златна топка“ за која ќе конкурираат сите други. Ќе биде подобро за фудбалот, се пошегува Рамос.

Меси оваа година ја освои 6-та „Златна топка“, додека Роналдо, освои пет вакви трофеи.

Извор:  МИА
Објавена на 10.12.2019 17:39:41