Вардар сака како првопласиран да влезе во плејофот во СЕХА

Ракометниот клуб Вардар го има обезбедено местото во четвртфиналето на регионалната СЕХА лига, но желба на сите во тимот е со победа над Татран Прешов во понеделник вечер, да биде осигурана првата позиција во групата.

Вардар во сите девет сезони играше на финалните турнири во СЕХА, па и сега амбициите се исти. Дуелот со Словаците е последен во „Јане Сандански“ за македонскиот и европски првак.

– Ја исполнивме целта да се пласираме во четвртфиналето, но целта ни е да бидеме први во групата. Очекувам да успееме, и да освоиме најмалку три бода во последните две кола, рече Едуард Кокшаров, кој можеби за последен пат пред скопската публика ќе биде во улога на главен тренер на Вардар.

Извор:  МИА
Објавена на 06.12.2019 15:44:46