Осамените пациенти умираат побрзо

Пациенти хоспитализирани поради проблеми со срцето се изложени на зголемен ризик од смртен исход во рок од една година од отпуштање од болницата, ако живеат сами или се чувствуваат осамено, покажува дански научен труд објавен во списанието „Харт“.



Социјалната изолација одамна е поврзана со лошиот здравствен исход и помал животен век, особено кај постарите возрасни лица кои страдаат од комплексни хронични здравствени проблеми како што се срцеви заболувања.

Но, научниците исто така велат дека не е целосно јасно дали поврзаноста помеѓу осаменоста и должината на животниот век варира во зависност од видот на срцевиот проблем.

Во студијата, данските научници анализирале одговори на 13446 пациенти кои биле хоспитализирани заради различни срцеви заболувања, нарушувања на срцевиот ритам, срцева слабост или заболувања на залисток, пред да бидат испратени на домашна нега. Потоа, тие ги користеа податоците за регистарот за да го следат континуираното закрепнување на пациентите во текот на следната година.

Откриле дека веројатноста за смртност кај жените кои одговориле дека се чувствуваат осамено е речиси трипати поголема во наредните години во споредба со оние кои одговориле дека не се чувствуваат осамени. Веројатноста за смртен исход во споменатиот период беше повеќе од двојно поголема кај осамените мажи.

– Научниците открија силна корелација помеѓу осаменоста и смртен исход меѓу пациентите и пациентки со дијагностицирани срцеви заболувања во текот на една година по напуштањето на болницата, рече Ана Вингард Кристенсен од Универзитетската болница во Копенхаген.

Извор:  МИА
Објавена на 02.12.2019 11:59:35