Футурама

Вештачка кожа која би ја направилa VR неверојатно реална

Истражувачи од Нортвестерн универзитетот и политехничкиот универзитет Хонг Конг развиле нов уред кој на корисниците на виртуелна реалност може да им помогне да се чувствуваат како навистина да се дел од имерзивното искуство кое таа го нуди.



Виртуелната реалност веќе нуди имерзија со тоа што ги следи движењата на главата на корисникот, со она што тој го гледа.

Со новата вештачка кожа, програмерите би можеле да направат уште еден чекор напред кон имитирање на сетилата на корисникот и симулирање на замислени светови.

Системот вклучува тенок еластомерен слој кој се става на кожата, кој пак е спарен со уште еден силиконски слој во кој е сместена електрониката, како и материјал кој ја штити.



Функционалниот слој содржи бакар во полимидот (вообичаен полимер), со кој се поврзуваат антените со радио фреквенција со мноштвото други компоненти, како и бројни активатори кои чекаат команди за да веднаш реагираат.

Кожата користи NFC (near-field communication) за добивање на команди од виртуелниот свет – истата технологија која се користи во бесконтактните кредитни картички. Дизајнот на системот може да варира, но тимот истражувачи имаат замислено предавател поставен на околу 10 сантиметри оддалеченост, на пример под кревет, со моќност од околу 12 вати за безжично напојување на антената

Тимот предвидува бројни возбудливи начини на кои ваквиот виртуелен систем би можел да се користи, како на пример

- Детето би можело да го допре екранот на кој се прикажува видео снимка (во реално време) од баба му или дедо му и тие би можеле да го почувствуваат допирот на раката.

- Човек со протетичка рака и кожа би можел да ги чувствува допирите на неа, како и чувството на држење на објектите

- Човек кој игра видео игра би можел да ги чувствува ударите кои неговиот лик на екранот ги прима во релевантните точки на притисок

Ваквата кожа би можела да ја направи виртуелната комуникација поинтимна, игрите многу повеќе имерзивни, како и да помага во заздравувањето на пациентите со протетички екстремитети.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 28.11.2019 16:56:03