2020 Mercedes-Maybach GLS

Новиот Mercedes-Maybach GLS е луксузна верзија на најголемиот SUV на овој германски бренд, дизајниран како конкуренција на Bentley Bentayga и Rolls-Royce Cullinan, а во продажба треба да се појави во втората половина на 2020-та по почетна цена која се очекува да биде околу 210 500 евра.



Автомобилот ја дели платформата со стандардниот GLS SUV, а стилските ревизии вклучуваат редизајниран преден и заден браник, како и предната решетка, а 22-инчните алуминиумски тркала и multibeam LED фаровите доаѓаат како дел од стандардната опрема.

Кабината му е слична на онаа од стандардниот SUV, но со подобрени материјали и дополнителна технологија.

Ентериерот ќе има амбиентален светлосен систем со 64 бои, пар touchscreen дисплеи за патниците на задните седишта, уникатна Maybach графика на дигиталната инструмент табла и infotainment системот, како и 4 седишта со можност за греење, ладење и масирање.



Купувачите ќе добијат и панорамски сончев кров и Burmester музички систем со 27 звучници.

Maybach GLS има вградено подобрена верзија на воздушниот систем за суспензија од стандардниот SUV, а напојуван е од унапредена верзија на моторот од стандардниот модел – 4.0 литарски V8 турбо (превземен од AMG GT суперавтомобилот), со моќност од 558 коњски сили, 730Nm вртежен момент, погон на сите тркала преку 9-брзински автоматски менувач, забрзување од 0-100км/ч. За 4.9 секунди, и електронски ограничена брзина од 250км/ч.



Моторот доаѓа со систем за деактивирање на цилиндрите, кој ги исклучува половината од 8-те цилиндри во одредени ситуации со цел да се заштеди на гориво. Од Mercedes тврдат дека Maybach GLS има потрошувачка од 10.2км/л.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 10.12.2019 12:55:37