Футурама

Во Европа одобрена вакцина против ебола

По повеќе од 20 години истражување, светот конечно ја има првата одобрена вакцина против ебола.

Европската комисија ја одобрила вакцината Ervebo, која моментално се користи во Демократската Република Конго како истражувачки протокол сличен на клиничко тестирање.



Компанијата Merck (произведувачот на вакцината) ќе работи со светската здравствена организација на преквалификација на вакцината, процес во кој агенцијата ги проценува вакцините и останатите медицински процеси со цел да ги осигура земјите членки дека тие се безбедни и ефективни за користење.

Европската комисија изјави дека лиценцирањето на вакцината е приоритет уште од епидемијата во Западна Африка во 2014-2016, кога повеќе од 28 000 луѓе биле инфицирани и над 11 000 умреле.



Вакцината е дизајнирана од националната лабораторија за микробилогија на Канада, со дополнително финансирање од САД.

Ervebo вакцините кои се користат во Конго каде над 250 000 луѓе се вакцинирани се донирани од страна на Merck, бидејќи кога биле испорачани сè уште не биле лиценцирани за користење, а компанијата изјавила дека ќе продолжи да ги донира.

Лиценцираните дози се очекува да се на располагање во третиот квартал на 2020, а цената ќе биде најниската возможна.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.11.2019 16:22:38