Род Стјуарт 26 години работел на макета на железнички град

Род Стјуарт (74) во интервјуто за списанието „Railway Modeller“ откри неверојатна детална макета на железнички град, на кој пејачот и неговите пријатели работеле во изминатите 26 години.



Изработката на макетата на железничкиот град почнала во 1993-та година во поткровјето на домот на Стјуарт во Лос Анџелес. Макетата на железничкиот град е инспирирана од изгледот на Филаделфија во 40-тите години од минатиот век.

– Се посветив конкретно на американската железница бидејќи таму живеев во периодот кога е направен нацртот. Тој секој пат беше таму кога ќе погледнев низ прозорецот. Што друго можев да купам ако не макети на американската железница, изјави Стјуарт.



Стјуарт наведе дека за макетата добил најголема инспирација од книгата за Џорџ Селиос – најпознатиот американски креатор на макети за железници.

Извор:  МИА
Објавена на 14.11.2019 15:16:09