Футурама

Стартап компанија сака да го претвори вселенскиот отпад во орбитални хотели

Канадската компанија Maritime Launch Services (MLS) во партнерство со компанијата која нуди комерцијални вселенски услуги Nanorack, сака да развие начин за повторно користење на деловите од старите ракети во Вселената.



Идејата е еден ден горните делови од ракетите – кои биле полни со гориво потребно за да се лансираат во орбитата – да се трансформираат во орбитални објекти како хотели, истражувачки центри или складишта.

Nanorack сакаат да ги користат ракетите на MLS за складирање на роботи за заварување кои ќе се користат за реновирање на старите ракети кои се веќе во Вселената, наместо прво да ги склопуваат на Земјата.



За жал, за остварување на таа визија ќе требаат уште многу години, бидејќи акетите кои MLS моментално ги користат (Cyclone 4Ms) не се доволно големи за таа намена.

Уште една предност на овој пристап е дека повторно користење на деловите од старите ракети значи помалку вселенски отпад во орбитата, кој претставува сè поголем проблем.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.11.2019 10:50:30