Омнибус

Најмагичните божиќни локации низ светот

Божиќ низ светот се прославува со многу пеење, топло чоколадо, декорации и слично, па самите прослави добиваат еден вид на уметничка форма.

Во прилог следат шест локации низ светот каде што божиќната прослава е нешто што долго време ќе ви остане во сеќавањето.

1) Бад Рагац, Швајцарија



Овој швајцарски град божиќната сезона ја започнува кон крајот на ноември со церемонијален „Фестивал на светлината“, осветлувајќи го дрвото високо 40 метри – наводно највисокото живо божиќно дрво во Европа. Други настани вклучуваат божиќни пазари, концерти, забави и слично.

2) Орхус, Данска



Вториот по големина град во Данска, Орхус, е вистински „божиќен сон“. Тој се украсува со стотици светла, на божиќниот пазар се продаваат дански специјалитети и целиот град е прекриен со божиќни дрва.

3) Колмар, Франција



За ова селце блиску до границата со Германија се вели дека го инспирирало градот од кој потекнува убавицата од приказната „Убавицата и Ѕверот“.

4) Ротенберг, Германија

Ова гратче со средновекоен изглед порано било втор по големина град во Германија, а за време на божиќните празници посетителите можат да уживаат во варено вино, колбаси на скара, печени костени или пржено тесто. Божиќниот пазар секоја година се отвара со „јавачите на Ротенберг“, јавачи на коњи за кои се верува дека се носачи на добри вести.

5) Бренсон, Мисури



Бренсон е познат и како „градот на божиќните дрва“ во САД. Секоја божиќна сезона тука се палат над 6.5 милиони светилки, се поставуваат над 1000 божиќни дрва, се одржуваат разни паради, фестивали и сл.

6) Кобург, Германија



Родното место на принцот Алберт (мажот на кралицата Викторија) – кој наводно кај англичаните го вовел божиќното дрво и други германски празнични обичаи – е баварскиот град Кобург.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.11.2019 11:20:37