Футурама

AI предвидува кога некој ќе умре

Истражувачи од Geisinger, компанија која нуди здравствени услуги во Пенсилванија, истренирале систем со вештачка интелигенција (AI) да предвидува кои пациенти имаат поголем ризик од умирање во следната година.



Во системот биле внесени 1.77 милиони податоци од електрокардиограми (ECG) – мерени во волтажа во одреден временски период – од 400 000 пациенти, со цел да се детектираат шаблони кои би можеле да индицираат идни кардиолошки проблеми како срцев удар и неправилна работа на срцето.

Резултатите биле импресивни и по малку застрашувачки. AI моделот имал подобри перформанси од досегашните модели во погодувањето на тоа кои пациенти умреле во текот на годината и оние кои преживеале.

AI системот дури детектирал срцеви проблеми кај пациенти кои претходно биле дијагностицирани како здрави од страна на кардиолозите. Три кардиолози кои независно ги рецензирале електрокардиограмите не биле способни да ги забележат ризичните шаблони кои AI системот ги забележал.

Ова не е единствениот обид да се искористи моќта на машинското учење за предвидување на смрт. Минатата година, истражувачи од Google креирале модел на AI кој со помош на електронски здравствени записи требало да предвиди колку некој пациент ќе остане во болница, како и кога би умрел.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.11.2019 11:02:11