Омнибус

Супер-јахта инспирирана од спортските автомобили

По нивната прва соработка во 2017-та, Rossinavi и Pininfarina повторно се здружија и ја креираа Super Sport 65 јахтата, чиј дизајн е испириран од формите на познатите автомобили со високи перформанси на Pininfarina, алудирајќи и на спортските и на луксузните способности на овие бродови.





Направена целосно од алуминиум, Rossinavi х Pininfarina Super Sport 65 јахтата е долга 65.50 метри, а динамичниот и елегантен дизајн на екстериерот има елементи на Maserati Gran Turismo.

Супер-јахтата е изработена за луксузност и комфор. Внатре, ентериерите се карактеризираат со широки отворени простори, кои вклучуваат 6 кабини во кои можат да се сместат најмалку 12 гости, како и 7 кабини за екипажот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 12.11.2019 10:32:32