Лејкерс го продолжија договорот на Кузма

Раководството на Лос Анџелес Лејкерс го продолжи за уште една година договорот на Кајл Кузма.



Ова значи дека 24-годишниот Кузма ќе остане во составот за сезоната 2020/21 и ќе добие 3,5 милиони долари за неа.

Кузма беше избран од Лос Анџелес под број 27 на Драфтот во 2017 година. Во својата професионална кариера досега има 17,3 поени, 5,9 скока и 2,2 асистенции по натпревар.

Извор:  МИА
Објавена на 18.10.2019 15:48:47