Мареј се враќа на своето старо ниво

Енди Мареј ја покажа најдобрата игра од неговото враќање на теренот досега и го совлада Пабло Куевас на тенискиот турнир во Антверпен со 6:4, 6:3. Значи Шкотланѓанецот, кој долго време се опоравува од операцијата, се квалификува во четвртфиналето и таму ќе се сретне со Романецот Мариус Копил.



Поранешниот лидер во машката ранг листа ги спаси сите четири брејк-поени со кои се соочи и изгуби само шест поени во својот сервис.

После тешката и мачна победа над локалниот фаворит Кимер Копејанс во првото коло, Мареј покажа некои од своите најдобри вештини, како и доволно агресија да се справи со Уругваецот Куевас.

Трикратниот освојувач на Гренд Слем турнири ги покри сите агли на тенискиот терен и изгледаше прилично опасно на мрежата, постигнувајќи ја својата 7-ма победа на АТП турнир годинава.

Извор:  МИА
Објавена на 18.10.2019 12:24:09