Солскјер е уверен дека ќе остане во Манчестер јунајтед

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека раководството на клубот верува во него. Тој потврди дека клубот има план да го зајакне составот во зимскиот трансфер прозорец.



– Јас имам тригодишен договор со Манчестер јунајтед. Затоа, очигледно е дека работиме долгорочно. Јас сум сто проценти сигурен во организацијата на нашата работа. Тука последниот збор е секогаш до тренерот. И веќе имаме план за трансфери, изјави Солскјер за „Скај спортс“.

Под водство на Норвежанецот, Манчестер по осум кола во Премиер лигата има само девт бода и се наоѓа на 12. место.

Извор:  МИА
Објавена на 17.10.2019 14:15:00