HBO премиера: Подгответе се за Watchmen

На 21-ви октомври на HBO пристигнува првата епизода од новата серија „Чувари“ (Watchmen). Премиерата на каналот е во 20:00 часот, а новите епизоди ќе се емитуваат секој понеделник во истото време.



Серијата чиј креатор е Дејмон Линделоф (автор на сериите „Преостанати“ и „Изгубени“), го користи истоимениот графички роман во нова ситуација. Помеѓу главните ликови се наоѓаат маскирани бунтовници кои во суштина се прогонети суперхерои. Некои од нив сакаат да започнат револуција, а други се обидуваат да ја запрат.

Актерската екипа ја предводи добитничката на „Оскар“ Реџина Кинг во улогата на Анџела Абар и таа носи две маски: една на главната детективка во полицијата во Тулса и втора на сопруга и мајка на три деца. Во екипата е уште еден оскаровец – Џереми Ајронс кој ќе го гледаме во улогата на стар и вообразен британски лорд, како и Дон Џонсон во улогата на Џад Крофорд, шеф на полицијата во Тулса.

Извршни продуценти и сценаристи на серијата се Дејмон Линделоф, Никол Касел и Стивен Вилијамс, а меѓу извршните продуценти се и Том Специјали и Џозеф Иберти. Серијата се базира на истоимениот стрип-роман на авторот Дејв Гибсон во издание на „DC“.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.10.2019 16:07:57