Роналдо го постигна 700-от гол во кариерата

Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, Кристијано Роналдо синоќа на гостувањето кај Украина постигна гол за репрезентацијата на Португалија.

Ова беше 700-ти погодок во кариерата на Роналдо, но за негова жал не беше доволен да се избегне поразот (1:2) од Украинците.

До извонредната бројка Роналдо стигна со 450 голови во дресот на Реал Мадрид, 118 за Манчестер јунајтед, 95 за португалската репрезентација, 32 за Јувентус и пет во дресот на Спортинг Лисабон.

Досега „ЦР7“ има одиграно 973 натпревари, забележано 219 асистенции и 54 хет-трик.

Извор:  МИА
Објавена на 15.10.2019 10:27:10