Јадењето на храна направена со адитиви како шеќер, конзерванси и вештачки бои и вкусови може да влијае на здравјето. Ултра-процесираната храна е поврзана со многу здравствени проблеми, од прекумерна тежина и метаболичен синдром, па до кардиоваскуларни болести и прерана смрт.
Последните истражувања покажуваат дека јадење на ултра-процесирана храна како сувомеснатите производи, колачиња, газирани пијалаци и разни житарки за појадок може да влијае на когнитивното здравје.
Во една неодамнешна студија било откриено дека нездравата исхрана е поврзана со ослабување на мозочната функција и зголемен ризик од деменција. Оваа промена започнува уште од детството, бидејќи ваквата храна го забрзува стареењето на телото одвнатре и води до забрзано стареење и на мозокот.
Консумирање на 2 грама транс-масти дневно (што е околу половина колаче, на пример) би можело двојно да го зголеми ризикот од деменција.
Било утврдено дека со 10% зголемување на калориите од ултра-процесирана храна, ризикот од кардиоваскуларни, коронарни и цереброваскуларни заболувања се зголемувал за околу 12%, а причина за тоа се адитивите во ваквата храна.
Емулгаторите, а особено карбоксиметилцелулозата и полисорбат-80 кои чести го има во ултра-процесираната храна, имаат потенцијална улога во индуцирање на воспаленијата со ниско ниво.
Воспаленијата, т.е инфламацијата, се централниот механизам во когнитивниот пад. Истражувачите од Џон Хопкинс универзитетот откриле дека зголемената инфламација е поврзана со поголеми абнормалности во белата материја, делот од мозокот кој ги пренесува информациите помеѓу клетките на нервите, што води до когнитивен дефицит и потенцијален развој на деменција.
Јадењето на ултра-процесирана храна исто така е поврзано и со дебелеењето, кое што ја зголемува инфламацијата и ги оштетува клетките.
Од клучно значење за здравјето на мозокот е здрава исхрана и минимизирање на консумирањето на ултра-процесирана храна. Истражувањата покажале дека мозоците на оние кои јаделе над 1 порција на зелен лиснат зеленчук како кељ, спанаќ и слично, биле во просек 11% помлади од мозоците на оние кои јаделе помалку од 1 порција.