Футурама

За прв пат сликано раѓање на бинарен ѕвезден систем

За прв пат, астрономите направиле слики во висока резолуција на бинарен ѕвезден систем во неговата рана фаза на формирање.

Бинарниот систем [BHB2007] 11 е лоциран на 600 светлосни години од нас во маглината Пајп (Pipe - во превод “цевка“), темен облак од меѓуѕвездена прашина и гасови од кој се родени цели групи на ѕвезди.

Кога ѕвездите се раѓаат, тие се обвиткани со материја позната како циркумстеларен диск, а доколку се работи за повеќе ѕвезди, формата на тој диск станува покомплексна како што масата „ѕвезден материјал“ се движи од него и паѓа во младите ѕвезди.

За да ја добијат сликата во висока резолуција, интернационалниот тим астрономи водени од истражувачите од Макс Планк институтот во Германија го користел ALMA – масивниот систем составен од 66 антени лоциран во Чиле.



Се испоставило дека не само што секоја ѕвезда имала сопствен циркумстеларен диск, туку парот ѕвезди бил опкружен со циркум-бинарен диск кој бавно, но сигурно го собираат двата циркумстеларни дискови низ интригантна мрежа од нишки на вселенска прашина.

Тимот проценува дека материјалот паѓа во бинарниот пар во количина од околу 0.01 од масата на Јупитер.
Истражувачите биле возбудени да откријат дека овие опсервации се поклопуваат со нашето теоретско разбирање во врска со тоа како бинарните ѕвездени системи се раѓаат.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.10.2019 12:53:31