Soundshirt („звучна кошула“) е уред што може да се носи и кој на глувите луѓе им овозможува да ја чувствуваат музиката на сопствената кожа.
Дизајнирана од модната технолошка компанија Cute Circuit, оваа облека тоа го прави со помош на 30 хаптички сензори, т.е микро-активатори, вградени во ткаенината.
Овие сензори во реално време го претвораат звукот во тактилен јазик уникатен за секој вид на музика, а на овој начин, на пример, виолините можат да се почувствуваат на рацете, а тапаните на грбот, креирајќи посебно искуство за оној кој ја носи облеката.
Со цел да се овозможи што покомфорно доживување, облеката е креирана со специјално развиени паметни и растегливи материјали во кои нема жици кои би го иритирале телото.
Визуелниот дизајн на облеката е метафора за врската помеѓу вибрациите и звучните бранови во различни фреквенции, а истата се подава по цена од околу 34000 евра. Моментално таа е на располагање во селекција на пакети наменети за музеи и оркестри.
Секој пакет доаѓа со една маица, Q антена која овозможува звучен пренос, 8 микрофони, Mac или PC со преинсталиран софтвер и аудио конвертер, а цената на пакетите се движи од 10 700 до 12 400 евра.
Компанијата Cute Circuit е базирана во Лондон и е основана во 2004-та од Франческа Розела и Рајан Генц, а специјализира во креирање на електронски уреди кои можат да се носат, а се изработени од рефлективни материјали сечени со ласер, 3D дигитален принт и паметен текстил.
Компанијата има добиени многу награди за нивните дизајни, а има дизајнирано и облека за разни ѕвезди како Кејти Пери Никол Шерцингер и др.