Футурама

Парализиран човек проодел со помош на егзоскелет управуван со мисли

Французин бил способен повторно да ги контролира 4-те парализирани екстремитети благодарение на егзоскелет управуван со мисли.



Триесет годишниот човек бил прикажан на видео снимка, како носејќи го 65кг. тешкиот егзоскелет (прицврстен на шина на плафонот) се движи низ собата и ги движи двете раце во сите правци.

Егзоскелетот е резултат на партнерството помеѓу францускиот биомедицински истражувачки центар Clinatec и универзитетот на Гренобл, Франција.

Уредот бил контролиран со помош на два мозочни кои го набљудуваат делот од мозокот одговорен за движењата и кои ги детектираат мозочните сигнали од него и ги испраќаат во компјутер, кој потоа ги претвора во движења.

 

Иако импресивна, на оваа технологија уште многу усовршување, а во оваа фаза се работи повеќе за доказ за функционалноста на концептот отколку за практично решение за парализа.

Тимот истражувачи се надева дека ќе добие многу подетална мапа од отчитувањата на мозочните импланти и многу помоќен компјутер за да се подобри функционалноста на егзоскелетот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 16.10.2019 10:32:51