2020 Aston Martin Vantage

Aston Martin ги објави првите официјални слики од новиот Vantage Roadster, кој ќе им биде конкурент на Porsche 911 Cabriolet и the Audi R8 Spyder кога ќе се појави на пазарот пролетта 2020-та.



Компактниот дизајн на овој модел овозможува кровот да се складира зад задните седишта без потреба од дополнителна подвижна покривка, со што се минимизираат сите компромиси во поглед на практичноста во споредба со купе верзијата.

Кога кровот е спуштен, струењето е редуцирано во кабината со помош на стаклен дефлектор на ветер.



Иако механичките детали сè уште не се потврдени од Aston Martin, Vantage Roadster најверојатно ќе остане механички идентичен со купе верзијата, што значи погонот ќе доаѓа од 4.0 турбо V8 мотор преземен од Mercedes AMG и нагоден да има карактер уникатен за Aston Martin, со моќност од 510 коњски сили и 685Nm вртежен момент.

Механизмот за движење на кровот и дополнителната шасија незначително ја зголемуваат тежината на автомобилот, со што забрзувањето од 0-100км/ч. би било побавно од 3.7 секунди, колку што изнесува кај купе верзијата, кое има максимална брзина од 314км/ч.

Погонот е на задните тркала преку 8-брзински автоматски менувач, а не е познато дали на располагање ќе биде и опцијата за 7-брзински мануелен менувач.

Како и купето и Roadster верзијата ќе биде исклучиво двосед, а и двата модела ќе имаат идентични кабини. Почетната цена се очекува да биде околу 134 900 евра.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 16.10.2019 15:43:46