Храна богата со витамин Ц за претстојната сезона на грип

Истражувањата сугерираат дека освен што е добар за кожата, витаминот Ц е антиоксиданс кој делува „магично“ на имунолошкиот систем.

Дваесет и три истражувања со над 11 000 партиципанти покажале дека активните луѓе (како спортистите, војниците, оние кои трчаат маратони) кои внесувале 200 или повеќе милиграми витамин Ц секој ден имале двојно помали шанси да се разболат од грип. Помалку активните кои ја внесувале истата доза ја немале таа придобивка, но се покажало дека витаминот го скратил времето на траење на грипот.



Препорачаната дневна доза витамин Ц е 65 до 90 милиграми (преку годината), но во сезоната кога владее грипот таа би требало да изнесува барем 200.

Еве која храна е најбогата со витамин Ц и може да ви помогне полесно да ја пребродите претстојната сезона на грип:

1) Цитрус

Еден портокал содржи околу 60 милиграми витамин Ц, а сок од еден лимон 53 милиграми. Еден грејпфрут, пак, содржи дури 80 милиграми.

2) Домати

Доматите понекогаш можат да се најдат во супермаркетите и во зимскиот период, а една шолја исечени домати содржи 25мг. витамин Ц.

3) Зелен зеленчук



Зеленчуците како карфиолот, кељот, прокељот, зелката, брокулата и слично, се одличен извор на витамин Ц преку цела година, а особено во зимскиот период.

4) Ананас

Една шолја ананас содржи 79мг. витамин Ц, без разлика дали е свеж, во конзерва, или замрзнат.

5) Бобинки

Половина шолја јагоди содржи 44мг. витамин Ц, а истата количина капини има 15мг.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.10.2019 15:30:01