Омнибус

Со едно споделување до ГРАТИС КУРС за една од програмите на „Џолев и уметностите”

Традиционално осма година по ред ја продолжуваме соработката и доделуваме гратис курс за една од програмите на Школата за уметност и дизајн „Џолев и уметностите“.



Пријавувањето на дванаесетте програми кои со настава започнуваат на 19ти октомври е во тек. Повеќе за програмите и предавачите можете да погледнете на:

-Курс по фотографија

-Обука за филм и филмски актер

- Курс по цртање и сликање

- Курс за кроење и шиење




Сите читатели на Идивиди кои ќе ја споделат јавно (направат public shаre) оваа вест од фан-страната на Идивиди на својот профил на Facebook и под постот ќе оставaт свое име, презиме и програма (пр. Име Презиме - Курс по фотографија, или било која друга програма) стануваат потенцијален добитник и учесник на една од активните програми кои може да ги погледнете на официјалната веб страна.

Добитникот ќе биде објавен во четврток, 17ти октомври.



- Отворени сме за сите креативци од сите генерации кои сакаат да се занимаваат професионално или рекреативно со дизајнот и уметностите. Покрај редовните курс програми, продолжуваме и со едногодишните академски програми (Академија за Визуелни уметности, Академија за Моден дизајн и Академија за Продукт дизајн) кои изминатите неколку години се алка кон професионалниот развој и почеток на кариера на многу млади креативци - додаде Дејан Џолев, основач и сопственик на „Џолев и Уметностите“.



Повеќе за „Џолев и Уметностите“ на официјалната веб страна и Facebook страна.

Контакт: 071 240 598

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.10.2019 11:55:03