Футурама

Автоматски чистач на WC шолја корисен за секое домаќинство

Денешните WC шолји се тешки за чистење, поправање, трошат премногу вода и не се воопшто евтини за поправање доколку се расипат.

Интересен факт е тоа што на еден и пол квадратен сантиметар во шолјата живеат 3.2 милиони бактерии, кои се шират низ бањата со секое пуштање на вода.

Тука на сцена настапува Shine Bathroom Assistant - паметен автоматски чистач на WC шолја.

Тој може да се инсталира било каде во нејзина близина и е компатибилен со секоја шолја која има достапна надворешна влезна цевка, а со него доаѓа сензор кој функционира слично како стетоскоп и кој се прицврстува за таа цевка за да испраќа податоци до смартфон, во врска со количината на потрошена вода.

За чистење на самата шолја се користи електролизирана водена солуција која не содржи хемикалии, а е ефективна како средствата за белеење, т.е вар.



Shine функционира на следниот начин:

- Се полни со (обична) вода, во него се става канистерче кое содржи природна вода и сол, направено од 100% рециклирачки материјал, кое трае 1 месец и се менува

- Се поставува во близина на шолјата

- Кога ќе детектира пуштање на вода (или команда преку смартфон апликацијата), уредот се активира и ја чисти шолјата со електролизирана вода која инаку со декади се користи во Јапонија за чистење на суши

- Таа се разложува во солен раствор кој е безбеден за цевките и околината, и не создава талог – што ја елиминира потребата од иструрање на разни хемикалии во одводот за негово отстранување.



Преку сензорот, апликацијата е способна да детектира и известува доколку од некаде протекува вода, да ја следи количината на потрошена вода, да дијагностицира проблеми и сл.

Shine Bathroom Assistant може да се активира и со гласовни команди, преку уреди како Alexa и слично, а моментално за него е активна Indiegogo кампања каде почетната цена за еден уред е $99.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.10.2019 09:56:24