Футурама

Прва слика од „космичката пајажина“ која ги поврзува сите галаксии

Научниците за прв пат директно ја набљудувале т.н „космичка пајажина“, широка мрежа од водородни канали за кои се верува дека ги поврзуваат сите галаксии во универзумот.



Астрофизичарите ја забележале оваа космичка мегаструктура помеѓу галаксиите на 12 билиони светлосни години оддалеченост од нас, во соѕвездието Водолија. Не само што се работи за значаен научен пробив, но потврдата за постоењето на оваа мрежа дава кредибилитет на одредена хипотеза во врска со настанокот на галаксиите.

Според неа, Големиот Праго „поплавил“ новоформираниот универзум со облаци од водороден гас кој евентуално колабирал во структури со форма на влакно, а точките во кои што тие влакна космичка пајажина се судриле станале места каде се формирале галаксиите кои се хранеле со водород за да формираат ѕвезди.



Оваа хипотеза долго време била подржувана од компјутерски симулации, а сегашното опсервирање на нови галаксии кои се формираат низ космичката пајажина претставува долго потребен видлив доказ за неа.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.10.2019 09:52:19