Футурама

Протетичка нога која ги стимулира нервите преку сензори

Повеќето протетички екстремитети кои денес се на располагање се далеку од совршени – го зголемуваат ризикот од паѓање, ја намалуваат мобилноста и пациентите не ги чувствуваат како вистинска екстензија на нивната нога.

Овие фактори, во комбинација со придружниот ментален товар, водат кон тоа многу луѓе воопшто да не сакаат да ги користат протетичките екстремитети.



Сега, интернационален тим истражувачи водени од ETH Zurich и старт-ап компанијата SensArs развиле интерфејст за поврзување на протетиката со нервите во бутот, овозможувајќи сензорни повратни информации, т.е фидбек.

Во студија направена во колаборација со универзитетот на Белград, научниците го тестирале овој систем врз два доброволци со ампутација на ногата над коленото.

Новата протетика, наречена неуропротетика, всушност е уред кој ги стимулира нервите во ногата, што како резултат предизвикува носителот да чувствува допир врз неговото колено или стапало. Ова овозможува подобра детекција на предмети кои би можеле да го сопнат и креира чувство дека протетиката е навистина дел од телото.

Уредот е базиран на протетика која веќе е комерцијално на располагање, но има додадено сензори во коленото и ѓонот на стапалото кои креираат сензации на рамнотежа и притисок, кои потоа се пренесуваат до нервите преку малечки електроди хируршки имплантирани во ногата.



Покрај физичките подобрувања, пациентите имале и психолошки подобрување. Тие имале посилно чувство за сопственост на нивната протетика бидејќи ја чувствувале повеќе како дел од телото и биле помалку загрижени за неа кога учествувале во разни активности.

Партиципантите во студијата биле повеќе агилни, мобилни и помалку паѓале кога се удирале во објекти кои не ги забележувале со поглед, а можеле да се искачуваат по скали скоро 3 пати побрзо.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 10.10.2019 08:45:27