Футурама

Астрономите планираат да снимат видео од црна дупка во центарот на Млечниот Пат

Научниците кои раководат со EHT (Event Horizon Telescope) го објавија нивниот план да снимат видео во реално време од Sagittarius A*, супермасивната црна дупка во центарот на Млечниот Пат.



EHT е интернационална мрежа на опсерватории кои ги комбинираат своите податоци за да функционираат како телескоп со големина на планетата, која во април ја сними првата фотографија на црна дупка.

Научниците веќе планираат да снимат и споделат видео од M87*, црната дупка од сликата од април, но Sagittarius A* е многу потешка за снимање поради дискот за акреција - масивен диск од супер-топол гас од мртви ѕвезди, планети и останати вселенски објекти, кој го блокира видикот на неа. Овој диск на M87* е поголем од целион наш Сончев систем.



Видеото од M87* ќе претставува снимка на која забрзано ќе биде прикажан временски период од неколку месеци, поради тоа што нејзиниот диск за акреција се движи побавно и не се менува премногу често.

Со овој видео материјал, астрономите од EHT се надеваат дека ќе можат подобро да ја разберат интензивната светлина која се исфрла од црните дупки кои сè уште се „хранат„ со ѕвезди и сл.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 08.10.2019 11:15:07