Објавен постерот за новиот Бонд филм - No time to die

Долгоочекуваниот плакат за новиот „Џејмс Бонд“ филм – „Не е време за умирање” (No time to die) беше официјално објавен по повод Денот на Џејмс Бонд којшто во саботата го прославија обожавателите низ цел свет.



Во овој филм, Даниел Крег по петти и последен пат го глуми агентот 007. Режисер на филмот е Кари Фукунага, а покрај Крeг, свои улоги ќе имаат и Ралф Фајнс, Реми Малек, Рори Кинир, Бен Вајшоу, Наоми Харис, Леа Сједо, Џефри Рајт и други.

При снимањето, коешто неодамна заврши во Италија, екипата имаше доста незгоди. Така, меѓу другото, во мај, Крег се повреди на сетот па, проектот беше во пауза. Филмот во најголем дел е снимен во Лондон, Велика Британија, и на Јамајка, но и во Норвешка.

Првиот тизер-трејлер за „No time to die“ беше објавен во август. Филмот ќе почне да се прикажува од 8-ми април 2020-та година.

Извор:  МИА
Објавена на 07.10.2019 09:52:55