Тим инженери од MIT креирале материјал кој апсорбира 99,995% од светлината, правејќи го уште потемен од досега најтемниот наречен Vantablack, кој апсорбира 99,965% светлина.
Тоа било постигнато случајно – во обид да се подобрат одредени карактеристики на електрично спроводливи материјали, тимот од MIT го отстранил оксидниот слој од алуминиумот и започнале да растат јаглеродни нанотуби на него.
Тогаш било откриено дека бил креиран најцрниот материјал во светот досега, а истражувачите од MIT веднаш склучиле партнерство со уметникот Диму Штребе за со овој материјал да премачкаат дијамант вреден 2 милиони долари, како дел од уметничката изложба лансирана на берзата во Њујорк.
Оваа супстанца би имала разна примена (не само уметничка), како на пример на астрономите да им помогне да го отстранат непосакуваниот отсјај од телескопите.