Футурама

Polaroid Lab ги претвора фотките од вашиот смартфон во инстант слики

Polaroid претстави инстант камера наречена Polaroid Lab која ги печати сликите од смартфонот и е опишана како „минијатурна темна соба за на биро“.



Оваа камера функционира така што се поставува врз смартфонот, а корисникот пред тоа избира која слика ќе биде прикажана преку Polaroid Originals апликацијата. Со притискање на црвеното копче, сликата се проектира на филм, а потоа со комбинација од огледала, светлина и уникатната хемикалија на Polaroid, таа излегува во форма на инстант слика.

Уредот е верзија на проектот Instant Lab Printer, оригинално финансиран преку платформа за групно финансирање во 2020-та.



Истиот ќе започне со продажба месецов, а апликацијата Polaroid Originals како и уредот ќе бидат на располагање за сите оние со iPhone 6S и понов, со iOS 11 и понов, како и за корисниците на телефони со Android 7 или понов оперативен систем, со поддршка за сегашните модели на Samsung, Huawei, Google Pixel и One Plus.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 07.10.2019 08:57:02