Футурама

Комплетно укинување на хемиско тестирање врз животни до 2035-та

Агенцијата за заштита на животната средина на САД (EPA - Environmental Protection Agency) планира да ги редуцира побарувањата и финансирањето на хемиското тестирање врз цицачи за 30% во следните 5 години, со комплетна елиминација до 2035-та, по што исклучоци ќе се прават базирани на секој случај посебно.



Ќе се приоритизираат нови методи на научните истражувања каде нема да се употребуваат животни, туку математички и компјутерски модели кои ќе го проценуваат ризикот на одредена хемикалија врз човечкото здравје или околината.

Администраторот на EPA исто така одобрил 4.25 милиони долари за финансирање на 5-те водечки американски универзитети кои ќе треба да истражуваат и развиваат различни тестови за хемиска експонираност и ризици.

Покрај етичките причини, агенцијата вели дека дополнителни причини за овој нејзин чекор е тоа што тестирањето врз животни е скапо и долготрајно, и постои потреба за развивање на попрецизни и поевтини методи во склоп со технологиите од 21-виот век.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 07.10.2019 08:48:46