Футурама

Анксиозните нарушувања можат физички да ги променат клетките

Според ново истражување, стресот поврзан со анксиозноста може физички да ги промени митоходријалните клетки.

Хроничниот стрес од големи животни случувања како смрт на блиска личност, развод, невработеност или војна, може да доведе до напади на паника и на анксиозно нарушување.



Но, не сите кои искусуваат такви случувања развиваат анксиозно нарушување, па експертите за ментално здравје се запрашале што некои луѓе ги прави поотпорни на стресни ситуации од другите.

За да го добијат одговорот на ова прашање, истражувачите анализирале глувци кои развиле симптоми на анксиозност и депресија по претрпено високо ниво на стрес, како што се избегнување на социјална интеракција, кај кои биле следени промените во активноста на гените и продукцијата на протеин во регионот на мозокот кој е одговорен за стресот и анксиозноста, како префронталниот кортекс, хипокампусот, амигдалата и nucleus accumbens.

Анализирани биле и протеините асоцирани со митохондријалните клетки и биле откриени бројни промени во митохондријата на мозочните клетки на глувците експонирани на стрес. Потоа биле тестирани крвни примероци од пациенти со панични нарушувања по претрпен напад на паника и биле откриени слични митохондријални промени.



Митохондрите се одговорни за претворање на она што го јадеме во 90% од хемиската енергија потребна на телото за да живее, а играат и клучна улога во предизвикување на смрт на одредени клетки. Според ова истражување, високото ниво на стрес би можело да влијае на начинот на кој што митохондријата функционира, резултирајќи со пошироки импликации на здравјето.

Разбирањето на генетските промени кај оние со анксиозност како и нивниот ефект врз телото може да допринесе за развивање на повеќе различни третмани за анксиозните нарушувања, кои моментално се ограничени на психотерапија и различни лекови.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 03.10.2019 09:49:29