Футурама

Три супермасивни црни дупки се на пат да се судрат

Тим научници од NASA откриле 3 супермасивни црни дупки во процес на спојување (систем наречен SDSS J084905.51+111447.2) , на оддалеченост од милијарда светлосни години од Земјата.



Двојни и тројни црни дупки се исклучително ретки, но таквите системи се природни последици од спојување на галаксии, за што научниците сметаат дека е начинот на кој галаксиите растат и еволуираат.

Тимот од универзитетот Џорџ Мејсон ова откритие го постигнал со користење на телескопот на опсерваторијата Чандра, инфрацрвениот вселенски телескоп на NASA и LBT во Аризона.

Оваа исклучително ретка глетка била тешка за забележување благодарејќи ја големата количина на гас и вселенска прашина околу црните дупки, но со комбинирање на податоците од оптичкиот спектар добиени од сите телескопи, научниците успеале да ја забележат.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 02.10.2019 16:18:11