Латино ѕвездите Џенифер Лопез и Шакира споделија дека заедно ќе настапат на Pepsi сцената за време на полувремето на Super Bowl.
-Откако ја гледав Дајана Рос како одлетува кон небото за време на нејзиниот настап на полувремето на Super Bowl сонував да настапувам таму. Сега е уште поспецијално не само затоа што е 100-та годишнина на NFL, туку и затоа што ќе настапувам заедно со друга латино ѕвезда. Со нетрпение очекувам да видите што ние девојките можеме да направиме на најголемата светска сцена, стои во соопштението на Лопез.
Шакира пак напиша дека е мошне возбудена што ќе има можност да настапи на шоуто покрај Џеј Ло, а воедно и дека е пресреќна што настапот е на денот на нејзиниот роденден кога ќе наполни 43 години.
Super Bowl ќе се одржи на 2 февруари 2020-та година на Хард Рок стадионот во Мајами, Флорида.