Омнибус

Во Париз се тестираат водени такси возила

Француската стартап компанија Seabubble е еден чекор поблиску до имање функционална флота водени таксија, по успешното тестирање на прототипот на едно такво возило.

Во 2018-та, компанијата го тестирала нивниот модел на езеро во Женева пред истото да го направи на реката Сена, во период од 5 недели.



Сега, јавноста ќе биде поканета во самото такси за да ужива во живописно патување низ Париз. Овој проект е започнат во февруари 2017-та откако креаторите добиле финансии од 3.45 милиони евра, а возилото користи технологија измислена од thébault за неговото експериментално возило наречено хидроптер, кое првпат запловило во 1994-та.

Во кабината на Seabubble таксито може да собере 4 возрасни личности, а се движи со помош на псеудо-крилја, потопени под агол од 45 степени, со чија помош постигнува брзини од 11 до 15км/ч. подигнувајќи се неколку метри над површината на водата, а со помош на 4-те скии кои го редуцираат влечењето на водата за 40%, максималната брзина би можела да изнесува потенцијални 46км/ч.



Seabubble е напојуван од 2 електрични пропелери, а компанијата планира тоа да биде користено во 50 града во следните 5 години.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 25.09.2019 08:07:25