Започнува аудицијата за нови членови на фестивалот „Поточиња“

Од денес, 23-ти септември до 26-ти септември 2019-та година во Основното училиште ,,Љубен Лапе" во период од 18:00 до 19:00 часот ќе се одржи aудицијата за нови членови на Детскиот фестивал ,,Поточиња".



Секое дете на возраст од 5 до 10 години што сака да биде дел од претстојното 17-то издание ,,Поточиња 2020" потребно е да подготви една омилена песничка и со широка насмевка да се претстави на aудицијата. Сите заинтересирани за повеќе информации може да се обратат на телефонскиот број: 072 210 660 или на e-mail: produkcijapap@gmail.com.

Од организаторот на фестивалот, Пап продукција, информираат дека 17-то издание на ,,Поточиња" традиционално ќе ја најави пролетта во Скопје и ќе се одржи во месец март 2020 година.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 23.09.2019 10:13:00