Воени видеа на војската на САД кои прикажуваат снимки на ,,неиндетификуван летечки феномен“, т.е НЛО (неидентификуван летечки објект) според извештајот на морнарицата на САД се автентични.
Видеата за прв пат биле прикажани во јавноста во 2017-та од страна на New York Times и академијата за науки и уметности To The Stars, НЛО организација ко-формирана од Том Делонг, поранешен фронтмен на бендот Blink-182.
Да појасниме, новиот извештај не значи дека морнарицата тврди дека се работи за вистински вонземјани, туку едноставно за неидентификувани и необјаснети летала кои најверојатно имаат потекло од Земјата.
Едно од видеата датира од 2004-та и на него е прикажан непознат објект кој одеднаш се појавува на висина од 24км. и потоа се насочува кон морето, застанувајќи на висина од 6км. каде што лебди.
Друго, пак, прикажува снимка од воен авион снимена во 2015-та каде непознат објект поминува под него со екстремно голема брзина.
Видеата никогаш не биле наменети за јавноста и не биле официјално објавени, пред тоа да го направат New York Times.