Омнибус

Враќање на цепелините на голема врата?!

Австриски тим научници сакаат на небото да ги вратат леталата познати како цепелини, а нивниот предлог е летало 10 пати поголемо од Хинденбург– германскиот цепелин долг 243 метри кој се запали при слетување во 1937-ма при што загинаа 36 луѓе.



И покрај ризиците кои ги носат, научниците сметаат дека цепелините би можеле да го револуционизираат карго транспортот, а благодарение на зголемените димензии капацитетот на товарот би бил значително поголем во споредба со традиционалните методи за транспорт.

Цепелините би можеле да бидат и значително побрзи од товарните бродови, а идејата на австрискиот тим е како погон да се користи енергијата од ветриштата на висини помеѓу 10 и 20 километри, каде нивната брзина изнесува околу 165км/ч. На овој начин, цепелините би можеле да ја обиколат целата планета за 2 недели, носејќи повеќе од 20 000 тони товар.

Денес, технологијата за градење цепелини е значително подобрена од времето на Хиндербурговата катастрофа и се користат материјали од јаглеродни влакна за подобрување на структуралниот интегритет, а имаме и значително подетални податоци во врска со времето и неговото предвидување.



Сепак, ризиците се големи бидејќи водородот е запалив гас кој би можел да доведе до уште една катастрофа. Денешните многу помали цепелини користат инертен хелиум гас, но тоа е ресурс кој е значително поскап за екстрахирање.

Поради тоа, научниците предлагаат новите цепелини да се автономни, за да и во случај на незгода, никој не биде повреден – освен оштетување или уништување на опремата и товарот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 11.09.2019 16:20:11