Дејзи-Меј Димитер вчера стана првото дете модел кое прошета по модна писта со две вештачки нозе, како дел од Њујоршката модна недела.
– Многу сум горда на себе!, изјави накусо деветгодишната манекенка.
Димитер е петтоодделенка од Бирмингем, Англија. Родена е со ретка болест поради која двете нозе морало да ѝ бидат ампутирани. Сега се движи со помош на ортопедски протези.
Нејзин сон е да биде супермодел. Во Њујорк, девојчето го претставуви брендот „LuLu et GiGi“. Таа ќе се појави и на Париската модна недела подоцна овој месец.