Омнибус

Париз тестира „радар за бучава“ кој автоматски ќе казнува бучни автомобили

Жителите на Париз кои се сопственици на моќни автомобили ќе треба внимателно да размислат пред да почнат да се фалат со нив.



Во делови од градот (како предградието Villeneuve-le-Roi) се тестира т.н. „радар за бучава“, систем направен од Bruitparif кој детектира бучни автомобили и евентуално ќе може да им издава казни. Системот користи микрофони со чија помош се триангулира потеклото на бучавата, а поврзан е и со CCTV камери за да се сними возилото кое ја прави.

Моментално се користат скоро 40 вакви радари и тоа близу разни барови во регионите за забава во Париз, како и околу 17 големи згради.



Пробното тестирање ќе трае 2 години и за тоа време нема никој да биде казнет, туку ќе се тестира одржливоста на технологијата и ќе се одредува нивото на бучава кое може да доведе до казни.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 05.09.2019 12:39:13