Објавен првиот трејлер за „Bad Boys for Life“

Подготвени сте да си ја потпевнувате „Bad boys“ со денови?

Вил Смит и Мартин Лоренс повторно ги репризираат своите улоги во третото продолжение од популарната филмска франшиза, овој пат наречено Bad Boys for Life.



Поминаа 16 години откако за последен пат го видовме познатото полициско дуо во акција. Во Bad Boys for Life, Смит и Лоренс, повторно ги здружуваат силите пред и официјално да се пензинираат.

Премиерата на филмот се очекува на 17-ти јануари 2020-та година.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 05.09.2019 12:15:40