Како јаглехидратите влијаат во опоравувањето на телото по вежбање?

Како што здравата исхрана е основното гориво потребно за добар тренинг, така и храната која ја јадеме после тоа игра голема улога во опоравувањето на телото.

Јаглехидратите играат голема улога во тоа.



Неколку студии покажале дека тие ги обновуваат резервите на гликоген во мускулите, индуцирајќи промени во имунолошкиот систем и намалувајќи ја мускулната болка, подобрувајќи ги перформансите во идните вежби.

Јаглехидратите се неопходен извор на енергија за телото, а доколку тие не се внесуваат по вежбањето, тоа може да доведе до преголем глад и прејадување, летаргија и чувство на стрес, како и зголемена болка во мускулите. Со тек на време, настанува ослабување на мускулите и имунолошкиот систем, што го зголемува ризикот од повреди.

Кои јаглехидрати да се внесуваат?



Нутриционистите препорачуваат избегнување на рафинирани јаглехидрати кои се исклучително процесирани и кои не содржат никакви хранливи состојки.

Јаглехидратите како оние во овошјето и скробот (јаболка, слатки компири, ориз и сл.) се одлична опција за нормализирање на нивото на глукоза во крвта и обновување на резервите на гликоген во мускулите.

Доколку по вежбањето се внесуваат само јаглехидрати без протеин, тоа ќе ги обнови резервите гликоген и нивото на шеќер во крвта, но нема да овозможи заздравување на мускулите и нивно растење

За да се максимизира опоравувањето на телото, нутриционистите сугерираат јадење балансиран оброк во првиот час по вежбањето, а се препорачува и чоколадно млеко како идеален пијалак за опоравување бидејќи содржи јаглехидрати, протеин, здрави масти, вода и електролити.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 04.09.2019 09:04:31