Lamborghini Sian - првиот хибрид на компанијата

Лимитираното издание на Lamborghini Sian е електрифицирана верзија на Lamborghini Aventador и е најмоќниот автомобил било кога направен од овој италијански бренд.



Продукцијата е ограничена на само 63 возила (кои сите се продадени), како симбол на годината кога компанијата е основана.

Sian, што во превод значи „блесок од молња“ има електрифициран погон кој се состои од 6.5 литарски V12 бензински и електричен мотор со вкупна моќност од 820 коњски сили. Подобрувањата на моторот вклучуваат титаниумски вентили и нов издувен систем.



Хибридните елементи се состојат од електричен мотор од 48 волти со моќност од 35 коњски сили кој е поставен помеѓу „обичниот“ мотор и трансмисијата, а напојуван е од суперкондензатор за кој од Lamborghini велат дека е 3 пати помоќен од конвенционалните литиум-јонски батерии со иста тежина.

Не само што Sian е најмоќниот Lamborghini било кога направен, туку тој е и најбрз – забрзувањето од 0-100км/ч. изнесува 2.8 секунди, а максималната брзина сè уште не е официјално објавена, но ќе биде над 350км/ч.

Директорот на Lamborghini изјави дека Sian го претставува првиот чекор од идните планови за електрификација на нивните возила.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 04.09.2019 09:05:07