Dave’s Kitchen: Пилешко со мајчина душичка и лимон

Доколку барате ручек кој е супер лесен за подготовка, а истовремено изобилува со егзотични вкусови и ароми, тогаш овој рецепт е полн погодок за Вас.



Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Секое парче пилешко пресечете го на половина, така што би добиле две филети од стекот. Во сад ставете го маслото, солта и биберот, лукот, кората и сокот од лимон.

Добро промешајте и додајте ситно исечкани гранчиња мајчина душичка. Наредете ги парчињата стек во тавче обложено со хартија за печење. Врз секое парче пилешко нанесете коцки путер.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути.

Сервирајте со гранчиња мајчина душичка, свежи кругови од лимон и чаша бело вино. Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 03.09.2019 15:37:26