Комичарот Кевин Харт е пренесен во болница по сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопат близу Лос Анџелес.
Харт бил еден од двајцата присутни во неговиот „олдтајмер“ Плимут баракуда, кога возачот загубил контрола и удрил во ридот покрај патот.
Харт притоа се здобил со посериозни повреди на грбот, но е вон животна опасност. Возачот исто така е примен во болница.