Студена средба на Моника Белучи и Винсент Касел во Венеција

На годинешниот филмски фестивал во Венеција, една од ѕвездите беше и заводливата италијанска актерка Моника Белучи.



Во долг, црвен фустан, таа зачекори на црвениот килим како дел од прикажувањето на нова верзија на филмот „Неповратно“ од 2002-та година, каде што таа глуми заедно со поранешниот сопруг – францускиот актер Винсент Касел.

Касел, исто така, се појави на црвениот килим и се ракуваше со поранешната сопруга. Моника, притоа се насмевнуваше, но цело време гледаше директно кон фотографите.



Тие  беа во брак од 1999-та до 2013-та година и имаат две ќерки – Дева и Леони. Касел (52) во Венеција дојде со својата сегашна сопруга – 23 години помладата Тина Кунаки.

Извор:  МИА
Објавена на 02.09.2019 15:39:50