Александар Кирковски успешно се искачи на алпскиот врв Вајсхорн

Македонскиот планинар Александар Кирковски успешно и во соло стил се искачи на еден од најтешките алпски врвови Вајсхорн во Швајцарија, што се на 4.506 метри надморска височина.



Искачувањето на врвот започнува со долг пристап од селото Ранда до планинарскиот дом „Вајсхорн Хуте“ на 2.900 метри надморска височина, а потоа до врвот се совладуваат 1.600 висински метри со значајна техничка тежина од карпи, снег и лед. За овој потфат на Кирковски му биле потребни 11 и пол часа.

Ова претставува второ македонско искачување на врвот Вајсхорн, а прво кое е реализирано целосно самостојно, што во планинарењето и алпинизмот се смета за најкомплексен начин. Искачувањето е во рамки на програмата на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Извор:  МИА
Објавена на 16.08.2019 16:06:09