Футурама

Облакодери за собирање отпад на океански нафтени платформи

Архитектонскиот дизајнер Хонглин Ли креирал концепт на облакодер изграден на океанска нафтена платформа чија намена би била да го собира пловечкиот отпад од Пацификот, чија површина е скоро два пати поголема од онаа на Тексас и во просек е дебел 30 метри.



Мегаструктурата наречена „Filtration” би содржела неколку објекти за собирање на разни материјали, како и постројки за третирање на вода, сето тоа изградено на нафтена платформа во близината на групираниот отпад.

Filtration облакодерот би користел вода за пумпање на отпадот и загадената вода во највисокото ниво на зградата, за потоа би го рециклирал отпадот и чистел водата како што таа тече надолу. Евентуално, не-рециклираните и рециклираните материјали би биле транспортирани кон копното преку брановите.



Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 16.08.2019 10:47:35