Перез земал кредит за да го купи Нејмар

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез подигнал кредит за да го плати трансферот на Нејмар, пренесува „Спорт ес.“

На овој чекор се решил првиот човек на „кралскиот клуб“ бидејќи не бил во можност да ја плати целата сума што ја бара Пари Сен-Жермен.

Од порано се шпекулира дека ПСЖ е подготвен да се раздели со Нејмар за 200 милиони евра.

Бразилецот во ПСЖ дојде од Барселона пред две години за рекордни 222 милиони евра.

Извор:  МИА
Објавена на 16.08.2019 10:08:48