„Металика“ донираше 250.000 евра на болница во Романија

Американскиот хеви-метал бенд „Металика“ донираше 250.000 евра на романското здружение кое ја гради првата детска онколошка болница во земјата.

Фондацијата Дарувај живот, е основана 2012-та година. Донацијата пак, ја објавија пред концертот на групата во среда, што е веќе распродаден. Изградбата на болницата во Букурешт, започна кон средината на 2018-та година, а се очекува да заврши идната година.

Досега се собрани донации од 260.000 поединци и скоро 2.000 компании. Планот опфаќа изградба на три нови регионални болници, за коишто средства издвои и Европската Унија.

Извор:  МИА
Објавена на 15.08.2019 15:45:55